x

Металург го почнува маратонот, седум меча во десет дена

horvat-1

Металург денеска конечно излезе од карантин во кој ги мина последните две седмици, поради коронавирусот, и веднаш стана дел од вистински ракометен маратон.

Во следните десетина дена тимот од Автокоманда ќе одигра седум средби, шест во македонската Супер-лига и еден во Лига Европа.

Денеска, со почеток во 19 часот на програмата е дерби натпревар со екипата на Бутел.

Распоред на средбите на Металург во следните десетина дена:

16 декември, 19.00 часот, сала “Антон Димитров“:  Бутел – Металург (средба од 7. коло)

18 декември, 16.00 часот, сала “Боро Чурлевски“:  Еурофарм Пелистер – Металург (средба од 8. коло)

20 декември, 17.00 часот, сала “Јане Сандански“:  Работнички – Металург (средба од 11. коло)

22 декември, 18.45 часот, сала “Борис Трајковски“:  Металург – Фиверс (средба од 4. коло на Лига Европа)

23 декември:  Металург – Младост Богданци (средба од 12. коло)

25 декември:  Тиквеш – Металург (средба од 13. коло)

27 декември:  Металург – Бутел (средба од 14. коло)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата