x

Металург без странци го реши Работнички, КЛ7 го урна Т.Пролет

img-2f3b60c8705c009411b92dd899dd3586-v

Супер-лигата продолжи по паузата поради новиот општ протокол на Владата, како и репрезентативната пауза. Се одиграа два меча, и на двата домашните екипи дојдоа до победи.

Металург како загревање за дуелот со Адемар во Европската лига го совлада Работнички со 26-22. Во составот на тимот од Автокоманда ги немаше станските засилувања, но тоа не беше пречка за да дојде до четвртиот триумф оваа сезона.

Ракометарите на домаќинот немаа мака, поведоа со 11-2, на полувремето имаа позитива од 15-8, која не беше тешко да се сочува. Мартин Серафимов со седум гола го предводеше Металург, Кондев и Петковски имаа по три погодоци. На другата страна Добревски запиша седум гола.

На втората средба КЛ 7 дојде до втората победа во дебитанската сезона, падна Т.Пролет, кој беше совладан со 32-30. Избраниците на Андон Бошковски беа подобар противник за нијанса, поведоа со 3-1, а потоа одржуваа позитива од еден гол. По изедначените 14-14 на одморот, слична слика имаше и во продолжение, пред самиот крај КЛ7 со два гола во низа го завери триумфот.

Симоноски имаше девет гола, Ѓорѓиев пет, кај гостите Андоновски беше стрелец на десет гола.

КЛ7 е на третото место во групата А, додека пак Металург е втор со четири победи и еден меч помалку од лидерот Бутел Скопје.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата