x

Металург без мака до „два од два“, битолчани фуриозно, драмата за Струга

metalurg-1

Металург без проблем дојде до нови два бода во домашниот шампионат. Очекувано, избраниците на Зоран Кастратовиќ на гостувањето кај Прилеп славеа со убедливи 21-28 (11-16).

Тимот од Автокоманда поведе со 3-6, на полувремето дојде до водство од 11-16, ова беше најголемата позитива која ја имаше во овој дел од натпреварот. Младиот тим на Горан Кузманоски не успеа да се снајде против посилниот противник, постојано беше во негатива.

Златко Хорват со 10 погодоци беше прв стрелец во редовите на гостинскиот тим, по четири погодоци имаа Кондев и Додиќ. На другата страна по четири гола имаа Рустамов, Чантурија и Чурлевски.

По поразот од минатото коло, Е.Пелистер брзо се врати на победничката патека, на домашен терен беше подобар од Работнички со 35-23 (16-12). Кузманоски со 9 гола го предводеше својот тим до првата радост, два гола помалку имаше Дрогришки. Во редовите на Работнички Ќосевски запиша шест погодоци.

И ова беше натпревар во кој името на победникот беше познато дури по првото полувреме, битолчани имаа позитива од четири гола, на другата страна гостите само еднаш поведоа на почетокот со 0-1.

Вистинска драма имаше на мечот меѓу Струга и Јуниор К.В. Дуелот се решаваше во последните минути, домаќинот направи серија од 2-0 за 21-19, која бепе клучна за победата од 22-20.

Гостите беа одлични во првиот период, водеа со 4-7 и 5-9, на одморот заминаа со плус три (7-10). Стружани се разбудија во второто полувреме, во самиот финиш беа постабилни за прв триумф сезонава. Рајатовски со шест гола беше лидер кај Струга, пет гола имаше Николиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата