Според англискиот таблоид “Мирор” фудбалерот и убавицата се запознале неодамна во Англија. Гулапчињата беа забележани по натпреварот на “топчиите” во второто коло од премер лига, против Кристал Палас, во кој избраниците на тренерот Арсен Венгер славеа со 2:1. Озил на овој натпревар започна како стартер и беше заменет во 83. минута. По овој натпревар двојката се запознала во еден бар во Лондон, каде германскиот репрезентативец со турско потекло ја прославуваше победата со соиграчите од тимот.

Двојката неодамна беше забележана како се милува на Босфор, што даде јасна потврда дека голгетерот има нова љубов.

Озил неодамна се раздели со пејачката Менди Каписко, додека Ѓусле во јавноста во својата земја е позната како турската Ирина Шеик, а покрај работата како модел, веќе има одиграно и неколку улоги во турските серии.