Марина Терзиовска од Скопје е новиот добитник од наградната акција на †Вечер”, со која по повод роденденот на весникот им се заблагодаруваме на нашите читатели за нивната четириесетгодишна верност. Но Марина инсистираше на фотографијата на нашата страница да се најде нејзинот деветгодишен син Иван. Тој е трето одделение во Основното училиште †Св. Кирил и Методиј” и неговата учителка го ослободи од час за да дојде со мама во нашата Редакција и да си ја подигнат паричната добивка од 8 000 денари. Марина живее во центарот на градот и е редовен читател на весникот. За наградната акција испартила само едено плико, кое и донесе многу среќа. Досега таа учествувала во многу наградни игри, кои го привлекувале нејзиното внимание, но 8 000 денари од “Вечер” е единствената добивка што стигнала во нејзините раце. Се уште не знае за што ќе ги искористи парите, но, секако, дека добро и` дојдоа. †Некако се се случи набрзина, такаш то немав врема да испланирам што ќе направам со парите”- ни ре- че Марина. И Иван очигледно немал време да смисли што ќе и` побара на мама како спомен од †Вечер”.†Не знам што сакам да купиме со парите”- збунето ни одговори Иван, кога се обидовме да ја откриеме скриената детска желба. Марина и понатаму ќе продолжи да учествува во наградната акција. Таа од први септември редовно го купува семејниот дневен весник и не може да одвои некоја омилена рубрика, бидејќи со задоволство ги чита сите 40 страници.