x

Место да се укине, Лига Купот на Англија да стане „Британски Куп“!

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, излезе со интересен предлог за реконструкција на едно од англиските натпреварувања, познато како Лига Куп. Популарниот Карабао Куп кој секоја година се смета како трето клупско натпреварување во Англија, според менаџерот на „чеканите“ во иднина треба да се прекрсти во „Британски Куп“ и во него место да добијат и екипите од Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Шкотланѓанецот вели дека врвните екипи треба да бидат во можност да се откажат од натпреварувањето за да помогнат во справувањето со метежот на натпревари и обврски за играчите.

Коментарите на Мојс следуваа откако претседателот на УЕФА, Александар Цеферин, рече дека би било „подобро за секого“ доколку ова натпреварување се укине.

„Мислам дека тоа би можело да направи нешто ново. Одамна велам дека во едно натпреварување треба да се вклучат и екипите од Шкотска. Еве сега шанса тоа да прерасне во Британски Куп, па и со екипи од С. Ирска и од Велс. Тоа ќе ни даде нешто поразлично“, заклучува Мојс.

Лига Купот се игра во Англија од 1960 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата