x

Место бараж, Росоман и Слога (В) одиграа ефикасен тест-дуел

rosoman-sloga

Екипите на Росоман и Слога Виница кои требаше да играат бараж за пласман во Втората лига – Исток, викендов одиграа пријателски меч. Откако и двата тима добија место меѓу второлигашите, решија да закажат меѓусебен контролен дуел, кој се одигра во Росоман, а заврши без победник – 2:2.

Во квалитетен и неизвесен меч, Росоман имаше предност од 2:0 се до финишот на мечот, кога гостите од Виница успеаја во брз период да погодат двапати и да се изборат за реми. Ова беше втор контролен меч за екипата на Слога Виница во пресрет на стартот на новата сезона закажана кон крајот на август.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата