x

Меси vs. Барселона: Ако попладнево не дојде на тренинг ќе добие дебела казна

mesi

Доколку Лео Меси не се појави на денешната прва сезонска прозивка на новиот предводник на Барселона, Роналд Куман, на тренингот закажан во 17:30 часот, Аргентинецот ќе се соочи со тешка клупска казна. Меси останува цврст во одлуката да не се појавува во тренинг центарот на Каталонците, инсистирајќи да си замине.

Барселона верува дека Меси е се уште нивен капитен и во согласност со колективниот договор меѓу Ла Лига и Шпанскиот фудбалски сојуз (АФЕ) ќе направи сериозен прекршок доколку не се појави на попладневниот тренинг. Според правилата, клубот може да му одземе 25% од неговата месечна плата, но „Марка“ смета дека Хозеп Марија Бартомеу и неговите соработници ќе бидат внимателни да не го лутат Аргентинецот, бидејќи веруваат дека договорот за негово останување, сè уште е можен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата