Благодарение на најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, бранителот на тронот, тимот на Барселона, забележа сигурна победа од 2:0 над лондонскиот премиерлигаш Арсенал во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони.

Аргентинскиот интернационалец ги постигна двата погодока на натпреварот и голема е веројатноста дека реванш пресметката на “Ноу Камп” ќе биде само чиста формалност за каталонскиот гигант.

Иако фудбалерите на Баерн (М) дојдоа до убедливо водство со погодоците на Томас Милер и Ариен Робен, првата 1/8 финална пресметка во Торино заврши без победник.
Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус прво намали со погодокот на Пауло Дибала, а на 2:2 израмни Стефано Стураро.