x

Меси – Нејмар – Мбапе: Ова ќе биде нападот на ПСЖ за следната сезона!?

mesi-psz

Бомба од Париз, фудбалска се разбира. Како што јавуваат медиумите големи се шансите Лео Меси во следната сезона да го носи дресот на ПСЖ. Познато е дека на Аргентинецот договорот му истекува во јуни, и тој би можел да ја напушти Барса како слободен играч. Само што се појави таа информација како можност, веднаш се појавија анализите дека ако веќе Меси си од оди од „Камп Ноу“, поверојатно е да замине на „Паркот на Принцовите“ отколку на „Етихад“. Сити како да стави кочница во овој можен трансфер на деценијата.

За разлика од газдите на Сити, шеикот Насел Ал – Келаифи, газдата на “светците“ имал желба за наредната сезона во нападот да го има триото – Меси, Нејмар и Мбапе. Секако дека тоа ќе биде најсилното, најквалитетното трии видено во послендите 20-30 години во светот на фудвалот. Овие играчи речиси да гарантираат дека ПСЖ конечно ќе може да го освои “ушлето“ во Лигата на Шампионите.

Значи допрва почнува битката за Меси. ПСЖ или Сити, Ал – Келаифи или Мансур бин Зајед Ал Најан. Катар или ОАЕ.

Милијарди се во прашање.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата