x

Меси донираше педесет респиратори за неговиот роден град

mesi-si-odi

Лионел Меси несомнено безброј пати се покажал како личност која без разлика на неговата планетарна слава сепак е само едно обично момче кое е многу блиску до обичните луѓе.

Аргентинецот и тоа како е свесен за ситуацијата во која во моментов се наоѓа светот, особено сиромашните предели како на пример неговиот роден град Росарио во Аргентина кои тешко се справуваат со пандемијата.

Затоа, тој набави и дистрибуираше педесет респиратори за болниците во Росарио, а 32 од нив веќе пристигнаа со приватен авион. Останатите се очекуваат секој момент, а апаратите се исклучително важни во овој момент за тој дел од Аргентина.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата