x

Меси го собори рекордот на Гигс во Лигата на шампионите

messi-ls

Постигнувајќи го првиот гол во победата на Барселона од 5-1 против Ференцварош синоќа, аргентинскиот фудбалски велемајстор Лионел Меси влезе во историјата на Лигата на шампионите како прв играч кој постигнал барем еден гол во 16 последователни сезони на најсилното натпреварување.

Ова беше негов 116-ти гол во ова натпреварување, а само Кристијано Роналдо, кој е на врвот на листата со 130 погодоци, постигнал повеќе од него.

Меси, сепак, стана рекордер, откако стана првиот фудбалер кој се запишал меѓу стрелците во Лигата на шампионите 16 сезони по ред. Аргентинецот ја започна својата серија во сезоната 2005/06 и го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите на 2 ноември во победата од 5:0 против Панатинаикос.

Поранешното крило на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс исто така постигна гол во 16 сезони во Лигата на шампионите, но не по ред.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата