Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ужива голема почит кај тренерите, играчите, но и страсните љубители на фудбалската игра. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, а многу тимови сакаат да го имаат во своите редови. Но, не може секој да го има најдобриот фудбалер на денешнината, бидејќи е врзан со договор, со европскиот шампион Барселона. Тој привлекува големо внимание каде и да се појави, а неодамна излезе информација дека за да не го повредат на теренот, противничките фудбалери добивале и по 10.000 долари. Но, не им било забрането само на противничките играчи да го клоцаат Меси, туку и на оние кои тренирале со него.

Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, во разговор за шпанските медиуми се присети на момент од својата блескава кариера во редовите на каталонскиот гигант, односно на првиот тренинг со ѕвездата во развој Лионел Меси. Тогашниот тренер на Барса, Пеп Гвардиола го предупредил Пујол да не го повреди Меси кога ќе се соочат еден на еден.

-Тоа беше кус натпревар, имавме дуел еден на еден. Во себе си мислев дека можам да го запрам Меси, изјави Пујол, алудирајќи на тоа дека сакал да му даде посилен отпор за да го запре Аргентинецот.

– Пеп ми рече: Карлес, немој да го повредиш, а јас му одговрив: „Прекини го тренингот ако не сакаш да му се случи нешто”. Меѓутоа бев понижен. Се обидував на секој начин да го запрам, но Меси секогаш ме победуваше. Како да беше во шеста брзина, изјави прославениот шпански репрезентативец и додаде:

– Оваа Барселона ќе ја паметам како Барселона на Меси. Тој е над сите играчи кои ги имама видено. Не е од оваа планета и е многу подбаар од пред четири години Тој едноставно е незапирлив на теренот.

Меси моментно настапува со репрезентацијата на Аргентина на Копа Америка и денеска ќе го игра полуфиналниот натпревар против Парагвај. Доколку слават во финалето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Чиле и Перу.