По премиерниот натпревар од првото коло во Примера дивизион во кое Барселона го декласира со 7:0 Леванте, дел од играчите на каталонската екипа се однесуваа како вистински ѕвезди, но не и Жерард Пике, кој се претвори во вистински херој.

Веднаш по натпреварот навивачите на Барселона вообичаено тргнаа во лов на дресовите на нивните идоли. Еден млад навивач со помош на својот татко обезбеди идеална “стартна позиција”, близу до тунелот што води во соблекувалната на “Ноу Камп”. Меѓутоа, Меси, Педро и Санчез се преправаа дека не го слушаат довикувањата на момчето и го игнорираа. Меѓутоа, не и Жерард Пике, кој му ја исполни желбата на младиот навивач. Тој му го подари својот дрес, со што кај момчето најпрвин измами насмевка на лицето, а потоа и солзи-радосници.