x

Меси влезе и ја однесе Барса до победа, Гризман е скаран со пеналите (видео)

grizman

На Барселона и требаше помош од Меси за да слави победа над Бетис со 5:2 во меч од 9.коло на шпанската Ла Лига. На полувреме беше 1:1, а потоа влезе аргентинскиот суперстар и работите на теренот веќе изгледаа поинаку.

„Каталонците“  поведоа со голот на Дембеле во 22 минута. Во 33 минута можеа да зголемат од пенал, но Гризман промаши. Интересно за Французинот ова е четврти промашен пенал по ред.

Затоа казната стигна во 45 минута кога изедначи Санабрија.

На стартот на вториот дел влезе Лео Меси и Барса се разбуди. Гризман зголеми на 2:1 по одличната финта и позиција која му ја сервираше Меси, а веднаш потоа најдобриот играч на светот погоди од пенал за 3:1. Гостите намалија со погодокот на Лорен во 73 минута но тоа беше се што направија до крајот на мечот. Во финишот Меси го постигна својот втор гол, а Педри  ја трасираше Барса до победа од 5:2.

Интересно, ова е шести натпревар по ред помеѓу Барселона и Бетис кој завршува со 5+ голови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата