x

Меси вечерва не се враќа со соиграчите од Ваљадолид, си нарачал приватен лет

messi-kola

Веднаш по заршувањето на вечерашниот меч со Ваљадолид, првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси ќе замине со приватен авион, најверојатно во Аргентина. Како што пишува весникот „Марка“, Меси нема да се врати со своите клупски колеги, затоа што веќе нарачал приватен лет.

Средбата со Ваљадолид ќе биде последната за момците на Роналд Куман пред Божиќ. Следниот натпревар од шпанскиот шампионат за Барза е по пауза од една недела кога каталонците на домашен терен го чекаат Еибар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата