Претседателот на Хрватска Стипе Месиќ,кој веќе четири години е член на риболовното друштво “Пиц” од Јелса на Хвар,во саботата покрај неколку ситни рибчиња улови и најлонска ќеса. Нема информации дали по “богатиот улов” на Стипе имало шеги на негова сметка. Ќе остане забележана само изјавата на претседателот на риболовното друштво, Горан Срхој, дека “претседателот немал ден”! Месиќ лично не го прокоментира уловот, но рече дека секоја година, и по пензионирањето, ќе доаѓа на средбите на рибарите во друштвото “Пиц”.