-На тоа не се надевав, тоа сум го видел само на филм, а денеска бев во главната улога, изјавил хрватскиот претседател Стипе Месиќ откако му била укажана честа со ѕвоното да го означи почетокот на тргувањето на њујоршката берза.
Месиќ кој се наоѓа во Њујорк по повод годишното заседание на Општото собрание на ОН, ја посетил њујоршката берза, чии челници го запознале со нејзината работа. По разговорите Месиќ изјавил дека на берзата се работи со исклучително високи бројки, што се потврдува и со фактот на дневниот обем на тргување со акции, кој минатата година се движел околу 3 милијарди долари.