Претседателот на Хрватска и врховниот командант на оружените сили Стипе Месиќ, завчера, експресно ги смени командантите на сите три рода на армијата. На нивните места дојдоа замениците, а генералите ги испрати да учат странски јазици, што и беше повод за нивната смена.
Секако, во согласност со министерот за одбрана Рончевиќ, сменети се: команданотот на Копнената војска генерал полковникот Марјан Марековиќ, вицеадмиралот Здравко Кардум, првиот човек на морнарицата и бригадниот генерал Виктор Копривњак, командант на Военото воздухопловство.

Интересно е да се напомене дека во одлуката за сменување стои дека “генерали задолжително мораат да се дообразуваат во Школото за странски јазици”!