Германската канцеларка Ангела Меркел вети дека ќе направи се што може за да помогне Европската унија да постигне договор за брегзит со Британија, но истакна дека двете страни се уште не стигнале до таа точка.

„Сакаме добри односи со Британија“ изјавила Меркел, пристигнувајќи вечерва на самитот на лидерите на ЕУ, на кој британската премиерка Тереза Меј треба да се обрати на лидерите на Унијата за своите планови врзани за брегзит, пренесе Ројтерс.

Британската премиерка и лидерите на ЕУ ќе се обидат на самито во Брисел да ги спасат разговорите за договорен развод, откако досегашните преговори завршија неуспешно. Претставниците на ЕУ велат дека договор и натаму е можен, но се подготвени и за сценариуо во кое ќе нема договор.

извор: Makfax