Негативен е и третиот тест за инфекција на коронавирус кај германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија денеска од нејзиниот кабинет,а пренесоа светските агенции.

Канцеларката Меркел во домашен карантин се наоѓа повеќе од една недела, откако лекарот, кој и дал вакцина, бил позитивен на тестот за коронавирусот.

Канцеларката и во следните неколку дена своите државнички работи ќе ги извршува од домашен карантин“, додава владата во Берлин во соопштение.