Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони жестоко ја нападна германската канцеларка Ангела Меркел, така што ја нарече претставник на источноевропското централистичко уредување”, а жестината на неговиот напад воопшто не ја намали тоа што ја нарече интелигентна.
– Меркел е интелигентна жена, но израснала како бирократ во Источна Германија во тамошното централистично уредување, рекол Берлускони пред претприемачите на собирот во Монца.
– Културата што ја носи длабоко во себе предвидува челична организација на стопанството. Таа мисли дека во секоја држава дефицитот треба да изнесува најмногу 0,5 проценти, но тоа е невозможно во сите држави, изјавил поранешниот претседател на Владата на Италија.

По кратка пауза од политиката Берлускони се кандидира на парламентарните избори што ќе се одржат в недела. Во текот на кампањата често го споменуваше името на германската канцеларка.
– За да владеам, ги замолив бирачите и тие ми дозволија, а не Меркел, изјави неодамна префрлајќи му на Марио Монти што за составување на својата влада побара одобрение токму од Меркел.