Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва им ги честиташе изборите на идниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

“Честитки Американскиот народ ја донесе својата одлука. Џо Бајден ќе биде 46-от претседател на Соединетите Американски Држави. Искрено му посакувам многу среќа и секој успех и би сакала да и честитам на Камала Харис, првата избрана жена потпретседател во историјата на вашата земја. Се радувам на соработката со претседателот Бајден. Нашето трансатлантско пријателство е незаменливо доколку сакаме да се справиме со најголемите предизвици на нашето време.”, порача Меркел на Твитер и Инстаграм.

Ангела Меркел, првата жена германски канцелар, го посочи фактот дека Камала Харис ќе биде првата жена потпретседател на Соединетите држави.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Entscheidung bei der US-Wahl 2020: Kanzlerin Merkel gratuliert @JoeBiden und @KamalaHarris. — US election 2020 – Chancellor Merkel congratulates @joebiden and @kamalaharris: Congratulations! The American people have made their decision. Joe Biden will be the 46th President of the United States of America. I sincerely wish him the best of luck and every success and I would also like to congratulate Kamala Harris, the first female vice president-elect in the history of your country. I look forward to working with President Biden. Our transatlantic friendship is indispensable if we are to deal with the major challenges of our time. . . . #uselection2020 #uswahl2020 #uswahl #uselection #kanzlerin #merkel #politik #politics

A post shared by Angela Merkel (@bundeskanzlerin) on