Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината влада нема да ја спречи компанијата „Хуавеј“ или било која друга компанија да ѝ помогне во развивањето 5G-мрежа во Германија само затоа што доаѓаат од Кина, во знак на јасен прекор кон ставот на Вашингтон по ова прашање, пренесува РТ.

„Владата соопшти дека нашиот пристап не е едноставно да се исклучи една компанија или еден актер, туку имаме барања од конкурентите за оваа 5G- технологија”, рече Меркел на годишниот Самит за глобални решенија во Берлин во вторникот.

Канцеларката објасни дека прописите поврзани со развојот на 5G во Германија ќе бидат изнесени во новиот Закон за телекомуникации.

„А потоа ќе разговараме со нашите партнери бидејќи тие ги имаат и нивните идеи”, додаде таа.

Коментари на Меркел доаѓаат една недела откако таа изјави дека Германија ќе ги дефинира сопствените безбедносни стандарди за новата 5G мобилна мрежа.

Во последниве месеци, Вашингтон ги притиска своите сојузници да одбијат да работат со „Хуавеј“. Во случајот со Германија, американскиот амбасадор Ричард Гренел испрати писмо до министерот за економија, Питер Алтмајер, предупредувајќи за загриженоста за безбедноста поврзана со улогата на „Хуавеј“ во градењето на критичната инфраструктура.

„Игнорирањето на предупредувањето на Вашингтон може да резултира со намалена размена на разузнавачки податоци меѓу двете нации,“ пишува писмото на Гренел.

Берлин протестираше против противењето на САД, истакнувајќи дека Вашингтон не успеал да обезбеди никакви докази дека кинеските производи би претставувале закана за безбедноста.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го нарече писмото на Гренел бесрамна изнуда.

извор: Makfax