Никна нов режим и се случуваат многу нечовечки работи, вели некогашната „шарена револуционерка“ и гласна активистка на СДСМ, Мери Николова Буџаку.

Таа на својот Фејсбук истакнува дека активистот Благојче на кој му власта му подари користен инвалидски мотор, сега предмет на уцени и навреди и токму затоа бара да му се врати количката на Заев, а од јавноста бара помош да се соберат пари за нова количка, за Благојче повеќе да не биде  уценуван.

Другари и другарки сите кои се боревме против претходниот режим, а сега како да никна нов и се случуваат многу нечовечки работи. На нашиот другар борец Благојче, по кој сите трчавте да се сликате додека бевме опозиција, Заев му подари користен инвалидски мотор. Зошто сега да биде уценуван и плукан нашиот другар, кога ние можеме да го сториме следното.

1. Да му ја вратиме количката на Заев, да престанат уцените, и

2. Да собериме меѓу себе пари сите ние другари (така ќе престанат со уцени и навреди.)

– Дали сте сложни да купиме нов инвалидски мотор? Да донираме кој колку може. Сложни ли сте да ја почнеме процедурата?

А вие самобендисаните еден ден, а тој ден многу бргу ќе дојде, ќе ви се вратат сите фрлени камења по глава.

За нашиот другар и борац за правда, сите заедно ќе успееме. Blagojco Brloko Gorgiev“ стои во објавата на ФБ на Мери Николова Буџаку