Ламбе Алабаковски, кој неодамна стана татко, новогодишните празници ќе ги помине работно, додека пак за Бадник и Божиќ ќе биде заедно со семејството. Дека малиот Михаил му го променил животот, потврдува и самиот.

Нема ништо поубаво на светот од тоа да се биде татко. Не се плашам да го држам во раце и и помагам на сопругата апсолутно во се. Го преслекувам, менувам пелени, го капам и искрено уживам во сето тоа”, вели пејачот.

Покрај семејните обврски, Ламбе е актуелен и работи и на музички план. Наскоро треба да сними три нови спота кои е излезат кон почетокот на идната година, а тука е и новиот албум кој полека се привршува во студио.

Работам напорно периодов. Ќе снимам неколку спота кои се субвенционирани од Министерсвото за култура, а веќе сме при крај и со подготовките за албумот кој ќе излесе следната година”, додаде Алабаковски.