Тони Менкиноски од ВМРО-ДПМНЕ денес на протестот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред министерство за правда на граѓаните им порача дека не треба да се дозволи Заев да тргува со националните интереси и со правата на македонските малцинства во другите земји.

Ние имаме квинслинзи во нашите редови, имаме луѓе кои сакаат да се откажат од она што не немаат право да преговараат и да го продаваат.

Менкиноски додаде дека не треба да се дозволи на Заев да води анационална политика. Правата на Македонците во соседството треба да постојат, не може Заев да си игра со животот на овие луѓе. За оваа слобода има бројни херои кои го дале својот живот и гинеле по затворите.

Пораките денеска кои што ние ги кажуваме се истите, оставете не нас  Македонците, оставете не сами да си ја кроиме нашата судбина. Не дозволувајте одредени антиевропски сили да не избришат. Оставете не нас Македонците како и секогаш да си ја кроиме својата судбина. Македонија е на Македонците, порача Менкиноски.

„Како не им е срам на тие што преговараат, како немаат чувство на одговорност да се откажуваат од правата на Македонците во соседството“, запраша Менкиноски.

Менкиноски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за правата на македонските малцинства во соседните земји, бидејќи тоа права треба да се чуваат и негуваат.