Адвокатот Тони Менкиноски и правен застапник на „Македонскиот клуб за Етничка толеранција во Бугарија“ за „Слободна зона“ на бугарската ТВ Европа вели дека  изјавата на господинот Заев е несериозна и е надвор од неговиот мандат како премиер на Македонија.

Тој истакна дека многу несериозни преговори се водат помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи она што е предмет на преговори, е надвор од мандатот на двете влади.

– Имено, Резолуцијата на Советот на Европа на Комитетот на министри е многу јасна дека Република Бугарија до 1 јуни 2021 година мора да ги регистрира овие организации, не само оваа организација која последно  беше иницијална каписла и е случи целиот процес на која сум јас адвокат, туку од периодот од 2005 до периодот од 2019 тие треба да ги регистрираат сите македонски организации. Тоа значи многу јасно изразена мултилатерална обврска на Република Бугарија, каде е наведено јасно дека овие организации кои во својот статут имаат изразено етничка македонска припадност и каде кажуваат дека тие се организации на македонското малцинство, дали за културни посебности итн. Никој не може да преговара во името на овие организации. Значи овластувањата на господинот Заев се надвор од неговиот мандат и секако билатерален договор би бил ништовен во ваков случај, рече Менкиноски.

Според него Бугарија е во многу неповолна ситуација, бидејќи ако не ги исполни до први јуни овие обврски на Комитетот на министри, согласно Европската Конвенција може да биде исклучена од Советот на Европа поради непочитување на Европската конвенција, и дека таква интерстејт постапка може да покрене било која држава која не мора да биде Македонија.

– Работата е многу сериозна и сметам дека сериозно властите во Софија треба да се занимаваат со прашањето на регистрација на овие здруженија, а не да наоѓаат начини заедно со несериозноста на премиерот на Република Македонија и да преговараат за права на одредена група на кои не располагаат. Немаат мандат да зборуваат. Ја имаат погрешено темата.  Ние на Балканот треба еднаш да разбереме дека малцинските права се обврска на секоја држава и дека доколку постојат Бугари во Република Македонија никој не смее да им го ограничи нивното право на слобода на изразување истото важи и за Бугарија, доколку постојат, а постојат Македонци во Бугарија тие треба да имаат право на слобода на изразување и слобода на здружување, нагласи Менкиноски.

Тој потенцира дека владата на Заев ниту има право ниту легитимитет да потпишува било какви договори во кои ќе се откажува од правата на другите.

– За жал македонските политичари кои преговараат во овој процес, господинот Зоран Заев и Никола Димитров имаат ветувано се и несериозно ги имаат поставено основите на преговорите. Реалноста е сосема друга. Принципите на европската Унија се различни. Од друга страна бугарската влада ги има прифатено овие ветувања. Бидејќи ова не е предмет на ЕУ од таа причина Бугарија не наоѓа на сојузник во ниту една земја за ветото, заклучи Манкиноски.