x

Мендеш подготвува трансфер на Хамес во Јуве или Манчестер Ј.

Агентот на Хамес Родригез, Хорхе Мендеш, преговара со челниците на Јувентус и Манчестер Јунајтед за да договори трансфер за неговиот клиент, пренесува „Дејли мејл“. Колумбиецот се очекува да ги напушти „кралевите“ по завршувањето на сезоната, откако не успеа да ги исполни плановите на менаџерот Зинедин Зидан.

Според информациите, разговорите во моментов се прекинати се додека натпреварите не се вратат по пандемијата.

Покрај Јувентус и Јунајтед, Хамес е интересен и за Наполи и Евертон, каде тренер е поранешниот менаџер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата