x

Мендеш му го нуди Траоре на Јувентус, но цената е „изгор“

adama-traore

Менаџерот Хорхе Мендеш му понудил на Јувентус да му го донесе Адам Траоре од Вулверхемптон, но цената која за него ја бараат Англичаните не е воопшто за потценување.

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло истакна дека сака неговиот тим да игра во формација 4-3-3, па Адам Траоре може да биде идеална аквизиција за „Старата дама“.

Во пракса, Траоре би го заменил Даглас Коста, кој, наводно, разговара со неколку клубови, вклучувајќи го и Манчестер Јунајтед. „Калчомеркато“тврди дека Траоре му бил понуден на Јувентус, но цената на 24-годишниот фудбалер, кој минатата сезона постигна шест гола и запиша 12 асистенции во дресот на Вулверхемптон, е цели 70 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата