x

Мендеш доаѓа на „Олд Трафорд“ да го завери трансферот на Хамес Родригез

james-rodriguez-man-utd

Манчестер Јунајтед договори средба со агентот на Хамес Родригез и најверојатно ќе го обезбеди неговиот потпис во овој летен трансфер период. Ова го тврди весникот „Дејли Експрес“, кој напоменува дека Хорхе Мендеш (менаџерот на Колумбиецот) веќе во вторник треба да дојде во Англија.

Јунајтед ќе му понуди на Реал Мадрид 25 милиони евра за услугите на колумбискиот фудбалер. Тоа ќе биде нивната првична понуда и останува да се види реакцијата на Реал. Тимот на Мадрид очајно сака да се ослободи од Хамес, затоа што тој не е во првиот избор на Зидан подолго време.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата