x

Менаџерот на Лестер стигна до 100 победи во Премиер лигата по само 210 меча

brandan-rodgers

Менаџерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс синоќа дојде до јубилејата 100-та победа во англиската Премиер лига откако во 2 коло од новото првенство, неговиот Лестер славеше над Барнли со 4-2. Стретегот од Северна Ирска кој претходно беше менаџер и на Ливерпул и Свонси успеа да дојде до 100 победи по само 210 меча на клупата на некој премиерлигаш.

Роџерс стана 23-от тренер во историјата на англиската Премиер лига со 100 победи. Само Алекс Фергусон (162), Кени Далглиш (162) и Кевин Киган (209) извојуваа 100 победи побрзо од него .

Лестер Сити имаше одличен почеток и шест бода на стартот на првенството.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата