Главниот менаџер на кампањата на претседателот Доналд Трамп, Бил Степиен, е позитивен на коронавирус и ќе остане во карантин додека не се опорави.

Од тимот на Трамп најавија дека Степиен, сепак, ќе продолжи да ја контролира кампањата од далечина.

Вчера беше потврдено дека со Ковид-19 се заразени претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија. Од претседателската кампања остануваат уште 32 дена, а дел од настаните ќе се одвиваат онлајн додека дел се одложени.

извор: Makfax