Мексиканската држава Сонора побара од сојузната влада привремено да ја затвори границата за сите премини од САД кои не се неопходни, објави „Гардијан“.

Мексиканската држава на границата со САД побара привремено затворање на границата поради зголемувањето на бројот на заразени лица во Аризона, американската сојузна држава на југ.

Во Мексико, во последните 24 часа биле пријавени 6.741 случаи на коронавирус, а починале 679 лица.

извор: Makfax