Витаминска напивка од шипки
Потребно:
1 супена лажица мед
1 супена лажица сушени шипки
1 чаша вода
Подготовка: Плодовите измијте ги, па варете ги 10 минути. Содржината сипете ја во чист стаклен сад, покријте ја со газа и држете на темно место 10-12 часа. Плодовите изгмечете ги, а смесата процедете ја низ двослојна газа. Додадете мед и измешајте. Витаминската напивка треба да ја потрошите во рок од 12-24 часа од подготовката, додека не се разгради витаминот Ц. Возрасните се препорачува да пијат 2 чаши од оваа напивка дневно, а децата една.
Медени колачи
Потребно:
1 чаша мед
1 чаша масло
1 чаша шеќер
1 чаша кисела вода
2 лажички сода бикарбона
брашно по потреба
Подготовка: Од сите состојки замесете тесто како за ванилици. Развлечете кора и со чаша вадете колачиња, редете ги во подмачкана тава и печете. Пред печењето, на средината на секое колаче може да се стави оревче.
Кекс со суво грозје
Потребно:
200 г мед
250 г брашно
2 јајца
1 жолчка
1/4 чаша млеко
100 г суво грозје
сушена рендана кора од 1/2 лимон
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка сода бикарбона
Какао глазура:
80-100 г шеќер во прав
1 белка
20 г какао прав
Состојките мешајте ги се додека не добиете цврста, мазна пена. Подготовка: Јајцата, жолчката и медот изматете ги во пена. Додадете брашно и млеко во кое е растворена сода бикарбона и мешајте 10 минути. Додадете ги ренданата лимонова кора, циметот и сувото грозје. Печете 1 час во длабока тава, подмачкана со путер и посипана со брашно. Кексот извадете го од тавата додека е врел. Изладениот кекс прелијте го со какао глазурата.
Сос од јаболка
Потребно:
6 јаболка
1/2 чаша мед
1/2 чаша вода
сок 1/2 лимон
3 каранфилчиња
Подготовка: Јаболката исчистете ги и секое исечете го на 4 дела. Во сад сипете вода, мед, лимонов сок, додадете ги каранфилчињата и ставете да проврие. Додадете ги јаболката и динстајте. Извадете ги каранфилчињата. Вака подготвениот сос послужете го со печено свинско или пилешко месо.