Владата на Република Српска ја смени директорката на болницата во Бијелина, откако таа установа стана едно од жариштата на коронавирусот, затоа што здравствените работници се собрале да се дружат и со тоа придонесле за ширење на вирусот.

Владата го објасни решението за разрешување на Милица Ловриќ, инаку пратеник на СНСД во Националното собрание на РС, со „низа пропусти“.

Меѓу другото, затоа што на 25 јуни се одржал рекреативен фудбалски натпревар во кој учествувале 25 здравствени работници од болницата во Бијелина, а после тоа се следела дружба во ресторан.

Ловриќ денеска одржа прес-конференција со медицинскиот персонал, изјавувајќи дека е „жртвувана заради повисоки интереси“.

Таа изјави дека нема никаква одговорност, потенцирајќи дека е горда на сè што направила во последните шест месеци кога станува збор за функционирање на болницата во Бјелина.

Нагласувајќи дека е службеник на СНСД и дека исто така била советничка во градското собрание за два мандата, Ловриќ смета дека оние што ја назначиле на таа позиција можат да бидат горди на нејзината работа.