x

Медиумите најавија, Цорк потврди: Санчо останува кај нас сезонава

sanco-1

Џејдон Санчо нема да го напушти тимот на Борусија Дортмунд летово. Тоа е веќе дефинитивно, откако спортскиот дирекот на тимот Михаел Цорк тоа и го потврди преку изјава дадена на официјалните клупски медиуми.

„Планираме да го задржиме Санчо во нашиот тим. Оваа одлука е дефинитивна. Мислам дека со ова ги одговараме сите прашања кои се поставени на оваа тема“ – изјави Цорк.

Со ова дефинтиивно се става крај на сите шпекулции околу иднината на Англичанецот барем засега, и евентуалниот негов милионски трансфер во манчестер Јунајтед.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата