Грчките власти уапсија две лица обвинети за шпионажа во случај што може дополнително да ги влоши односите меѓу Грција и Турција.

Еден од осомничените е идентификуван како 35-годишен секретар во турскиот конзулат на островот Родос, и доби рок до понеделник да ја подготви својата одбрана, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Другиот осомничен, 56, бил вработен како готвач на патнички траект што ги поврзувал островите Родос и Мегисти.

Двата острови се наоѓаат во близина на турскиот брег.

56-годишниот осомничен е уапсен во неговата куќа во Комотини во североисточна Грција во петокот наутро по потерница распишана од обвинител од Родос.

Тој беше пренесен на Родос, каде се очекува да побара време за да ја подготви својата одбрана.

56-годишниот осомничен уште од самиот почеток признал дека секретарот го врбувал со цел да му обезбеди информации за движењето на грчките вооружени сили на југоистокот на Егејот, поточно на Родос, Мегиста и во други области.

35-годишниот осомничен рече дека неговите главни должности во конзулатот се административни работи и културни активности.

И двајцата изјавија дека се сретнале на социјален настан минатото лето и оттогаш одржуваат пријателски односи.