Сите прашања за гасот со Украина се решени, меѓусебните побарувања се прекинати, а транзитот на гас ќе продолжи под услови што ги задоволуваат двете страни, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, напоменувајќи дека и за најтешките прашања може да се постигне договор, пренесува „Спутник“.

„Договорот за гас за следните пет години меѓу Русија и Украина претставува компромис што мораше да се пронајде,“ напиша Медведев на својата страница на Фејсбук.

Според него, владата на Русија и „Газпром“ долго време работелке на решавање на проблемот со Украина како на билатерално, така и на трилатерално ниво.

Русија и Украина во вчера потпишаа пакет-спогодба за продолжување на транзитот на гас низ Украина, вклучувајќи и петгодишен транзитен договор според кој „Газпром“ гарантира пумпање 65 милијарди кубни метри гас првата година и по 40 милијарди кубни метари во следните четири години.

извор: Makfax