Имено истите ќе бидат направени од стари мобилни телефони и други мали апарати, а планирано е да бидат поделени пет илјади медали за најуспешните на Олимпијадата и Параолимпијадата. Според нив од донираните телефони ќе бидат обезбедени околу два тона злато, сребро и бронза, а истовремено ќе биде промовиран и концептот на рециклирање.

Проектот што им овозможува на жителите на Јапонија да учествуваат во правењето на медалите е многу добар. Со таквото рециклирање мислиме и на околината, изјави спортскиот директор на организациониот одбор, Коџи Мурофуши.

Така, во јапонските канцеларии и продавници од април ќе бидат поставени посебни кутии во кои ќе се собираат уредите. За разлика од Токио, градовите – домаќини на Олимписки игри досега традиционално ги обезбедуваа металите од рударски компании. Со ваквиот потег, Токио се “заканува” да наметне нов тренд кој ќе продолжи и во иднина.