Стигнаа добри вести од кралската палата! Денеска Меган Меркел се породила, а на свет донела машко.

На листата за наслетство  за британскиот трон бебето ќе биде на седмо место, веднаш после принцот Хари, но со неговото раѓање ќе дојде до промена што значи дека војводата од Јорк ќе се помести на осмо место, а со тоа сите наследници под него ќе паднат за едно место подолу.

Името на бебето ќе се објави дополнително од Меган и Хари, а во игра се овие три имиња Алберт, Артур и Филп на кои и обложувалниците најмногу типуваа.