Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, почнаа правни постапки во САД против неименуван фотограф, кој наводно со дрон го снимал нивниот 14-месечен син Арчи.

Поведена е судска постапка против фотографот, кој со дрон го снимал Арчи во нивната куќа во Лос Анџелес за време на карантинот воведен поради коронавирусот, јавува „Би-би-си“.

Двојката во тужбата изјавила дека сликите се инвазија на приватноста.

„Секој поединец и член на семејството во Калифорнија има законско право на приватност во својот дом. Ниту еден дрон, хеликоптер или телескопски објект не може да им го одземе тоа право“, рече нивниот адвокат Мајкл Камп.

Тој додаде дека Хари и Меган поднеле тужба за да го заштитат правото на нивниот син да ужива во својата куќа, без навалица на новинарите, и да ги спречат оние што сакаат да профитираат од тие фотографии.

извор: Makfax