Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. Така и синоќа, во периодот од 23,00 до 05,00 часот утров биле извршени контроли на 1.101 возачи.

Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани биле прекршоци по основ на сообраќајната регулатива.

Како што МВР претходно ја информираше јавноста во текот на вчерашните акциски контроли на подрачјето на главниот град, за истиот временски период вкупно беа контролирани 1234 возачи, 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци.

извор: Makfax