Моторно возило „форд транзит“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Ф.А.(35) од Гостивар, се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале пет членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, материјалот воопшто не бил оштетен, бил префрлен во друго возило и бил испратен во Државната изборна комисија.

Случајот бил пријавен во СВР Тетово изутринава во 4:30 часот.