Откако градоначалникот на општина Центар ја повика министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска акцијата за одбележување нови пршачки премини да ја спроведе и во Центар, на ова барање од министерството излегоа со реакција.
– За жал градоначалникот Жерновски ги потврди стравувањата на МВР дека сеуште не ги познава доволно своите ингеренции и обврски кон граѓаните. Не само како институција, туку и во име на нашите вработени кои живеат во општина Центар и имаат дечиња, го охрабруваме да ја заборави индиферентноста и да отпочне со покренување на иницијативи кои би значеле напредок на општината. Веруваме дека на неговата колешка од општина Кисела Вода ќе и биде задоволство да му помогне и ќе го упати на добрите начини на работење и пронаоѓање на општествено одговорни претпријатија кои би ги помогнале ваквите проекти. Партиската припадност не смее да биде покритие за нечија неспособност и неинвентивност. Општините и властите кои ги управуваат, не смее да се делат на владеачки или опозициски, туку на одговорни и неодоговони, односно на оние кои умеат или не умеат да работат во интерес на граѓаните, стои во соопштението.