„Се случи хакерски напад на сајтот на ДИК, за што го известивме МВР за сајбер криминал. Тие денеска беа тука и се надевам дека за брзо време ќе откријат за што се работи. Тоа беше надворешен напад“, информираше денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Според него, станува збор за хакерски напад кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.

„При тоа се појавија разни лажни вести кои ги демантирам. ДИК работи согласно законикот и има постапка со која ги добиваме сите материјали. Во текот на ноќта постојано работевме, овој пат тоа беше подолго, но е поради разбирливи причини, бидејќи беше пролонгирано заворањето на избирачките места.Ниту од серверот не може да се појават вести со изборни резултати. Се обидовме да го забрзаме резултатите со софтверски систем, но бевме цел на хакерски напад и не можевме да ги презентираме. Ве уверувам дека апликацијата функционираше. Со ова сакам да се извинам за можеби малото доцнење, бидејќи мора да се обработат сите записници број 16 од секое избирачко место“, рече Дерковски.

извор: Makfax