x

Мбапе: Слушнав ужасен звук, но мислам дека нема скршеница

mbape

Синоќа тимот на ПСЖ го освои купот на Франција, но сите се многу повеќе загрижени околу повредата на Килиан Мбапе. Напаѓачот страдае при стартот на Перин, светот е во исчекување на последиците, а според последните информации не се работи за најстрашното.

Имено, на прославата по триумфот Мпабе се појави со патерици, а во разговорот со францускиот претседател се чу дека слушнал ужасен звук при ударот но мисли дека не се работи за скршеница на зглобот.

Дополнителните прегледи ќе бидат направени денеска, а резултатите ќе се знаат веднаш.

ПСЖ се соочува со тимот на Аталанта на 12 август во ракмите од лигата на шампионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата