x

Мбапе има грип, неизвесен за утрешниот дуел со Борусија (Д)

Настапот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе на реваншот со Борусија Дортмунд од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе биде неизвеснод о последен момент, изјави на прес-конференцијата денеска, тренерот на парижани, Томас Тухел.

Мбапе не тренира втор ден бидејќи има грип.

„Тој е се уште болен и има болки во грлото. Во среда наутро Мбапе ќе биде прегледан и потоа ќе се одлучи дали ќе може да игра“, рече Тухел. Натпреварот е закажан за утревечер пред празните трибини на „Паркот на Принцовите“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата