x

Мбапе е најбрзиот фудбалер во Лигата на Шампионите!

mbape-senzacija

Како што објави УЕФА, Килијан Мбапе, напаѓачот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, е најбрзиот фудбалер во ланското издание во Лигата на Шампионите. Мбапе против Баерн Минхен во еден момент трчал со брзина од 33,98 км на час. Во споредба кога Јусеин Болт го постави светскиот рекорд на 100 метри (9,58), тој трчаше 44, 64 км на час.

На второ место е Лукас Клостерман од Лајпциг, кој во полуфиналето против ПСЖ истрчал 33,89. Трет е Ханс Хатебур од Аталанта со 33,71. Меѓу првите пет најбрзи фудбалери се и Ашраф Хакими со 33,64 км на час кој во меѓувреме од Дортмунд се пресели во Интер, и на крај левиот бек на Баерн Минхен Алфонсо Дејвис кој развил брзина 33,37, во финалето против ПСЖ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата