x

Мбапе ги раздрмал во ПСЖ – Посакал да си оди!

mbape

Според најразлични извештаи од Франција, Килијан Мбапе му соопштил на раководството на Пари Сен Жермен дека сака да си оди на крајот на сезоната 2020/21. Очигледно е дека Мбапе го гледа просперитетот во некој друг клуб, а на нас ни останува само да погодуваме каде би отишол.

Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во 2018 за околу 180 милиони фунти и потпиша петгодишен договор. Британски „Тајмс“ наведува и дека Мбапе им соопштил на раководните луѓе на ПСЖ дека оваа сезона ќе даде се од себе да се освои се што може, а потоа ќе тргне кон нов предизвик.

Се претпоставува дека би играл во Премиер лигата или во Ла Лига. Поточно, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити или Ливерпул во Англија односно Реал Мадрид во Шпанија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата